Никогаш не знам дали ќе се разбудам како маж или жена- потресна приказна на едно момче

Оваа љубов на двајца тинејџери го здрма светот. Рајан Вајгли е биполарно момче и среќно заљубен во својата девојка. Неговата 18-годишна девојка Кристал Григс вели дека го сака каков и да се разбуди покрај неа. Тој неговата женска половина ја именувал Рија и не се срами од неа.

Овие двајца Британци од Кент навистина се необичен пар. Кристал Григс има осумнаесет години и секоја ноќ пред да заспие, никогаш не може да биде сигурна покрај кого ќе се разбуди наредното утро – момче или девојка. Не ви е јасно? Еве за што станува збор.

Кристал ја пронашла љубовта на својот живот во една двородна (bi-gender) личност. Рајан Вигли е роден во тело на маж, но половина од времето се чувствува како женЗатоа, тие денови Рајан облекува женска облека и се претставува како Рија Доерти. Сепак, тој не е класичен трансексуалец. „Сето тоа е многу збунувачко. Не можам однапред да претпоставам кој род ќе бидам утре, па со самото тоа не можам ниту да си го испланирам денот. Морам да го навијам будилникот порано, па ако се разбудам како жена, ќе ми биде потребно повеќе време за да се подготвам“, ја раскажува својата приказна Рајан/Рија.

Психолозите ја признаваат оваа своевидна конфузија на родниот идентитет, а во англискиот јазик постои име за луѓето како Рајан/Рија – bi-gender, односно двородност.

„Од мал ми се случуваше да се чувствувам, момент како момче, момент како девојче. Едноставно, постојат денови кога ни на крај памет не ми се фустани и шминка и се чувствувам како вистински маж. Но, други денови, буквално од глава до пети се чувствувам женствено. Понекогаш ми се случува во текот на денот да почувствувам промена во себе. Не бирам свесно што да бидам. Тоа е едноставно така“, раскажува тој/таа.

Кога станува збор за романтичниот живот, и Рајан и Рија сакаат девојки. Затоа, немало поголема среќа од моментот кога се појавила Кристал, како вистинска сродна душа, која сè прифаќа и разбира.

„Таа вечер, го запознав Рајан и после тоа станавме пријатели на Фејсбук. Меѓутоа, неколку дена подоцна статусот ми го искоментира Рија. На почетокот мислев дека тоа е само трансексуализам, односно дека Рајан сака да се облекува со женска гардероба, но потоа разбрав за што станува збор. Иако на Рија секогаш ќе ѝ кажувам дека ѝ е убава облеката, воопшто не ми е важна надворешноста, туку каква личност е во душата. Го сакам Рајан, ја сакам Рија!“, вели Кристал која е дел од оваа необична љубовна приказна.

Извор: Точка

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега