Конечно и јас да освојам прво место- се огласи Тамара Тодевска

 

Седмото издание на МАРС 2014, дефинитивно, го одбележаа секси стајлинзите на наградените Сара Мејс, која ја доби наградата за најдобар хит испеан од женски вокал за "Врне, врне" и Кристина Арнаудова (најдобар поп-рок хит за "Земи ме") кои се појавија во прилично секси изданија.

Меѓу наградените пејачи се најдоа и Биба Додева, Нокаут, Димитар Андоновски, Викторија Лоба, Бета Хаус, Јоце Панов... Влатко Лозановски по трет пат ја однесе наградата најдобар радиски хит, за песната "Мандарина", а доби парична награда во износ од 30 илјади денари и бесплатно користење на Универзалната сала за концерт.

- Песната "Тажна љубов, среќна песна" на Тамара Тодевска беше прогласена за апсолутен радиски хит.

- Конечно и јас да освојам прва награда на некој фестивал, се надевам не е местена", се пошегува вечно втората Тамара, која доби 60 илјади денари, и исто како и Влатче можност за бесплатно користење на салата.

 

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега