Македонски пејачки во војна: Нина до Сања - „Назад во нива госпожа“

Еден од најдобрите вокали кај нас Нина Јанева на својот Фејсбук профил ја прикачи новата песна и спот на фолкерката Сани Петковска. Спотот „Секси мама“ очигледно бил премногу провокативен за вкусот на Нина, па пејачката испровоцирана си го ставила на ФБ профилот. Под текстот имало неколку навредливи коментари за Сани, па Нина одлучила да го тргне постот, барем така изјави за Либетрас.

Ве молам пренесете и на Сани дека не ја познавам и дека јас ја хејтав продукцијата и спотот,а не нејзе како пејачка. Кажете и дека намерата не ми беше лоша, јас само сакав да и кажам да ја смени продукцијата. Немам ништо против тоа што таа пее фолк или турбо фолк, вели Нина за Либертас.

И додека Нина се правдаше,Сани Петковска не губеше време. Пејачката која е позната по избувливиот карактер веднаш и врати на Нина и тоа со статус во која ја навредува дека е очајна за внимание, изгледа како нилски коњ и никогаш нема да има капацитет да пее народно.

sani-izjava1-303x540

Скандалот не запре тука, туку продолжи со реакцијата на Нина на социјалните мрежи, која ја упати Сани во нива бидејќи таму и било местото. На овој статус поддршка даде и Тијана Дапчевиќ, која на Нина од се срце и порача да не губи време со пејачки кои не ги познаваат дури ни во нивното соседство.

Дали Сани ќе изреагира и на овој статус, останува да видиме!

Screenshot_1

Screenshot_2

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега