Пире од компир и спанаќ (посно)

  • 500 гр компир
  • 2-3 грста листови спанаќ
  • 3-4 лажици маслиново масло
  • 200 мл вода/млеко
  • сол, мешан сув зачин
  • Најпрво компирите се лупат и се сечкаат на коцки и ги ставаме да се варат. За тоа време го миеме спанаќот. Откако сме ги измиле листовите спанаќ, како совет кој го прочитав на интернет и го применувам - може да ги ставите во еден сад со топла вода во која сме додале оцет и малку морска сол за да ги исчистиме убаво. Треба да стојат околу 10-тина минути, па повторно ги миеме убаво со ладна вода.

Кога компирите се варени ги ставаме во соодветен сад, ги посолуваме, ставаме зачини, маслиново масло и листовите спанаќ и додаваме млеко или од водата во која се вареле, по потреба,. Блендираме додека не се добие убава смеса. Доколку сакате спанаќот да остане на поголеми парчиња, додадете го при крајот.


 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега