Ќофтиња со компири

1-1,5 кг компири

 

1-2 главици кромид

2 јајца

50-60 г лебни трошки

малку сол, црн пипер

повеќе масло за готвење

1.Компирите измијте ги и изрендајте ги. Веднаш налејте ги со вода за да не ја сменат бојата.

2.И кромидот исчистете го и изрендајте го.

3.Компирите исцедете ги, измешајте ги со ренданиот кромид, ставете ги врз газа и добро притиснете за да се исцеди вишок вода.

4.Во смесата додајте ги лебните трошки, јајцата, зачинете со сол и црн пипер и добро измешајте. Од смесата, со раце, формирајте ќофтиња.

5.Во подлабок сад, загрејте масло за готвење и пржете ги ќофтињата се додека не добијат златно кафена боја.

6.Оставете ги на кујнска хартија за да се исцеди вишокот маснотија и сервирајте ги топли.

 

7.Совет: доколку ги спремите порано, пред сервирање, загрејте ги во рерна, на 180 степени, околу 10-тина минути.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 14:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега