Пусиќ :Србија да не ги прифаќа изјавите на Шешељ

 

Министерката за надворешни и европски работи на Хрватска Весна Пусиќ синоќа изјави дека властите во Србија со оградувањето од она што го зборува лидерот на радикалите Воислав Шешељ би придонела кон добрите односи во регионот и му порача на српскиот државен врв да го продолжи европскиот пат по кој оди целиот регион.

- На сите во Хрватска ни е јасно дека српските власти не го ослободија Шешељ привремено од хашкиот притвор, но исто така, на секој рационален политичар му е јасно дека со неколку реченици во кои секоја власт, во случајов онаа во Србија, се оградува од она што го зборува Шешељ ќе придонесе кон добрите односи во регионот и ќе го поправи она што таквата воено­ потикнувачка реторика во разбранува во општеството.

 

 

Оцени ја веста

29.11.2014 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега