Директорот од средното училиште во Марибор се самоуби

 

 

 

Директорот на средното училиште во Марибор кого учениците тајно го снимиле со мобилен телефон додека орално ја задоволувал наставничката по математика, извршил самоубиство по објавувањето на снимките на интернет и откако цела седмица беше насловна тема на домашните но и медиумите во регионот, објави тамошната полиција во саботата, пренесува Макфакс.

Полицијата го потврдила трагичниот настан без коментар, што е вообичаено за случаите на самоубиство, пренесуваат словенечките медиуми во саботата навечер.

Претседателот на здружението на словенечките директори во образованието, Милан Рејец, изјави за телевизијата POP-ТV дека директорот на средното машинско училиште во Марибор очигледно бил скршен психички под големиот притисок, и изрази сочувство до неговото семејство.

Директорот зад себе остави сопруга, син и ќерка.

Веднаш откако инкриминирачката снимка беше објавена на интернет, директорот случајот го пријави во полицијата и наводно заедно со партнерката тврделе дека снимката е монтирана.

Полицијата не ги објави резултатите од досегашната истрага, а се’ уште не се откриени лицата кои снимката ја поставиле на интернет.

 

 

Оцени ја веста

30.11.2014 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега