Избоден 24-годишен кичевчанец

На 30.11.2014 година во 00:15 часот во полициската станица во Кичево,  доктор од Итна медицинска помош пријавил  дека во Медицински центар Кичево бил донесен Ј.М.(24) од Кичево кој имал повреда во пределот на стомакот нанесена од тврд остар предмет најверојатно - нож и поради сомнение за можност од внатрешно крварење истиот е упатен во Ургентен центар Скопје.

Од извршените проверки утврдено е дека околу полноќ во Кичево на ул„11-ти Октомври“ при настаната расправија околу првенство на минување помеѓу повредениот и автомобил со кој управувало непознато машко лице.

Ј.М. бил удрен во пределот на стомакот со остар предмет, по што непознатот лицето со  возилото го напуштило местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

Оцени ја веста

30.11.2014 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега