ФОТО: По самоубиството на директорот, полицијата ги бара авторите на видеото

По самоубиството на директорот полицијата ги бара авторите на видео клипот и оние кои го постираа на интернет.

Властите немаат намера да отстапат и сакаат пред лицето на правдата да ги донесат и оние за кои се говори дека индиректно го поттикнаа самоубиството на директорот.

Имињата на учесниците во скандалот веќе се познати во Словенија и според „Јутарњи лист“ тоа се Драго Каменик и професорката Мања Мертел. Откако клипот се појави во јавноста, таа е на боледување па не се знае каков ќе биде исходот од страна на врвот на училиштето. Директорот се самоуби а освен со скандалот, со овој чин сега треба да живее и неговото семејство во кое освен сопруга има и син и ќерка.

"Акцијата" наводно е снимена со мобилен телефон од учениците кои потоа ја поставиле на интернет и ја видоа сите: колеги наставници, родители, ученици, студенти, но, исто така, и семејствата на снимените.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега