Заев не демантира дека го молел Ахмети

Опозицискиот лидер Зоран Заев не демантира дека го молел лидерот на ДУИ АлиАхмети да ја напушти владината коалиција. Тој во изјава за медиумите под директна контрола на СДСМ вели дека тоа се глупости, но ниту еднаш категорично не ги демантира информациите кои вчера ги објави Алфа. 

Такви глупости не сакам да коментирам. Тоа се само глупости и ништо повеќе – изјавил за Либертас лидерот на СДСМ, Зоран Заев,

Медиумите вчера објавија дека Заев го молел Ахмети да ја напушти владината коалиција бидејќи под „бомбата“ која ќе ја објвел, ќе се отворело многу простор за него на политичката сцена во албанскиот етнички блок.

Информациите велат дека Ахмети му порачал доколку сака да дојде на власт, да направи програма и да победи на избори. 

Интересно е што истата порака пред два дена и тоа директно од Собранието до СДСМ ја упати шефот на кабинетот на Ахмети, кој и порача на опозицијата да не се надева дека преку ДУИ може да се врати на власт.

Ова не е прв пат опозицискиот лидер Заев да ги моли албанските политички лидери во земјава за политичка соработка. Јавноста се сеќава на пораките кои Заев му ги праќаше на Тачи и во кои го молеше да соработуваат ветувајќи му најразлични поволности и убедувајќи го дека „него го спремаат од горе да ја води Македонија“

И тогаш како и сега, Заев не ги демантираше пораките. Во идентичен настап пред медиумите Заев тогаш го обвини Тачи дека соработува со Груевски. Слични обвинувања од Бихаќка и завчера испратија на сметката на Артан Груби, предложувајќи му да се кандидира за местото Директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега