Трагедија во Кичево: Две ученички загинаа во сообраќајна несреќа
Кичево е потресено од трагична вест. Две ученички од Школата за музичка и културна дејност „Дрита“ – Ериона Рамадани и Албина Абази – загинаа во сообраќајна несреќа со мотоцикл, оставајќи длабока празнина во семејствата, меѓу пријателите и во училишните клупи, објави 4NEWS.mk
Училишната управа и персоналот ја изразија својата длабока тага и сочувство. „Со длабока тага и потресени срца ја примивме веста за загубата на нашите сакани ученички. Нивниот замин остави незаменлива празнина во нашите срца и во секој агол на училиштето“, наведуваат од ШМК „Дрита“.
Директорот, наставниците и учениците упатија искрено сочувство до семејствата, роднините и пријателите на Ериона и Албина, молејќи се Бог да им даде сила да ја поднесат оваа голема загуба.
„Нека е вечен споменот на Ериона и Албина! Нека почиваат во мир!“, стои во пораката на ШМК „Дрита“ – Кичево.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа