Рецепт: Рум бомбици

Мирисот на рум некако секогаш не потсетува на топлина во сред зима, но и на вкусни божиќни колачиња.

А во комбинација со чоколадо и мелени лешници, создава слатка идила совршена за тмурните денови.

Состојки:

  • 150g чоколадо
  • 50g путер
  • 150g мелени лешници, бадеми и ф’стаци (мешано)
  • 2 лажици рум + 2 лажици кафеав шеќер
  • 2 лажици рум

Подготовка:

Чоколадото и путерот стопете ги на пареа. Додајте ги мелените јаткасти плодови и промешајте.

Румот и шеќерот промешајте ги додека шеќерот не се растопи, а потоа додајте ја течноста во чоколадото и промешајте.

Додајте уште 2 лажици рум, промешајте со дрвена лажица и со раце обликувајте топчиња.

Добиените бомбици ставете ги да се оладат, а потоа извалкајте ги во цимет, какао или уште стопено чоколадо.

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега