Рецепт: Новогодишни капи

·  200 гр мелени ореви

·  200 гр мелени бисквити

·  200 гр шеќер во прав

·  120 гр маргарин

·  100 гр гел прелив од шумско овошје (или некој друг со црвена боја)

·  1/2 сок од 1 лимон

·  малку црвена боја

·  уште, за украсување

·  стопено бело чоколадо

·  малку кокос

·  фондан маса за белите топчиња

Од наведените состојки направете компактна смеса. Кинете топчиња колку орев одприлика, а можи и помали ако сакате, обликувајте ги конусно за да наликуваат на новогодишните капи.
Оставете ги на ладно место (не во фрижидер) за убаво да се стегнат.

Стопете го чоколадото и секоја капа макнете малку ја со широкиот дел и веднаш намакајте ја во кокос.

Од неколку локуми и шеќер во прав направете си фондан маса од која ќе обликувате ситни топчиња за врвовите на капите, но не заборавајте и нив да ги намакате предходно во кокос.


Извор: Мои рецепти

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега