Никола Стоески призна: Ги убив жена ми и најдобриот пријател

Македонецот Никола Стоески (38) од Перт - Западна Австралија денес во Врховниот Суд во Перт се изјасни за виновен за обвинението за двојното убиство кој го извршил во мај 2013 година.

Обвинетиот се обратил преку видео линк по две точки од обвинението за убиство и бил вратен во притвор додека расправата за неговата казна ќе продолжи следната година. Тој се товари за убиство за неговата 37 годишна сопрува Венеса Фарчиќ и 31 годишниот Сашо Филковски кој од поодамна биле најдобри другари и тренирале боречки вештини.

Телата на убиените биле пронајдени на две различни локации во време траење од еден час минатата година и тоа прво телото на Сашо Филковски во неговиот дом во Danbury и телото на Венеса Фарчиќ во нејзиниот дом во населбата - Girrawheen.

 

Време траењето на затворската казна ќе се соопшти во месец март наредната 2015 година а до тогаш Никола Стоески останува во затвор

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега