Многу казни за возачите, кренати 73 возила - што се случуваше во Скопје?

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди од кои три се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници, пешак и возач на мопед.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција санкционирала шест возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, девет возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, четворица возачи кои не го почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 16 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или користеле мобилен телефон при возење и 12 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие два дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 73 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега