„Анџелина Џоли е неталентирано, размазено детиште“

По хакерските напади врз „Сони пикчрс“ во јавноста во повеќе наврати излегоа доверливи информации за славните лица, кои до сега соработувале со оваа компанија.

Хакерите, кои себе си се нарекуваат „Чувари на мирот“, по пробивањето на системот на Сони, објавија многу тајни информации кои се однесуваат на висината на хонорарите на исплатените глумци, како и на тајните имиња со кои се служеле актерите за да ги задржат своите идентитети во тајност. 

Меѓу хакираните информации сега во јавноста излегоа и преписки по електронска пошта меѓу продуцентот Скот Рудин и претставничката на „Сони“, Еми Паскал, во кои Рудин изнел многу лошо мислење за Анџелина Џоли.

Имено, според се судејќи, на Џоли не и се допаднала идејата Дејвид Финчер да го режира биографскиот филм за Стив Џобс, наместо римејкот на филмот „Клеопатра“, во кој Џоли би ја играла главната улога, пренесе „Гардијан“.

И-меил преписките меѓу Рудин и Еми Паскал почнале во февруари оваа година, па тој меѓу другото напишал: „Мора да ја замолчиш Енџи пред да му ја отежне цела работа на Дејвид со Џобс“.

- Филмот за Клеопатра нема да се снима (што всушност е лоша вест за егото на оваа жена, трошоците за филмот се надвор од моја контрола). А ти внимавај како ми се обраќаш, одговорикла Паскал, додавајќи: „Немој е**но да ми се закануваш“.

Во уште еден и-меил кој Рудин го испратил подоцна, повторно се осврнал на Анџелина со зборовите: „Таа е неталентирано размазено детиште. Мисли дека е нешто посебно, а всушност е целосно обична, единствено што го има тоа е славата. Не треба да се прави од мува слон, со неа“. 

 

 

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега