Тереза Кесовија заврши во болница- хрватската пејачка на работ од смртта

Хрватската пејачка Терезија Кесовија (76) е сместена во болница поради сепса. Кесовија е во болница веќе три дена, пренесуваат хрватските медиуми, а сепса имала и пред три месеци кога лежела во болницата во Дубровник.

- Неодамна сум добила тешки болки во бубрегот, па тоа предизвика бактерија која на моја жалост отиде во крвта, рекла тогаш пејачката која поради карцином пре шест години и бил отстранет бубрегот.

Исто така тогаш имала два тумори во уво.

- Тереза е вистински борец и нема да се предаде. Таа во животот се и сешто помина и секогаш се извлекувала, рекол музичарот Миро Унгар (77), поранешниот маж на дивата.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега