Кумот на Аркан: На Вељко ќе му ја подарам пушката од неговиот татко

Борисав Пелевиќ, венчаниот кум на Жељко и Цеца Ражњатовиќ, вели дека на Вељко за полнолетство му ја поклони пушката на Аркан.

- Се договоривме, кога Вељко ќе стане полнолетен, да дојде кај мене дома и да одбере некоја работа која ми ја поклонил неговиот татко, а која би сакал да ја има. Поседувам посебна соба која е полна со поклони од Аркан и спомени од нашите заеднички години. Ќе му ја дадам ловечката пушка со која неговиот татко пукаше во јаболкото кога одевме да ја земеме Цеца за свадбата. Ја сочував и ја регистрирав, а сега му припаѓа нему. Исто така ќе му дадам врамена фотографија од негивот татко кој тој ја нема, вели кумот на Аркан заТелеграф.рс.

 

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега