Проверете кои населби во Скопје утре ќе бидат без струја

Заради технички зафати во електро системот без електрична енергија утре од 9 до 11:30 часот без електрична енергијаќе останат  корисниците од дел од село Јурмлери во општина Гази Баба. 

Задутре од 6:30 до 8:30 без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од село Ржаничино, општина Гази Баба. 

Во понеделник без електрична енегија од 8:30 до 15:30 часот ќе бидат  корисниците од  ул. Натанаил Кучевишки, ул. Симо Настевски, ул. Александар Бујнов и ул. Петар Манџуков во  општина Бутел, од 9:00 до 11:00 часот  корисниците од ул. Методија Патчев во општина Кисела Вода, од 9:00 до 14:00 часот,  корисниците од ул. Мечкин Камен во општина Ѓорче Петров,  од 10:00 до 14:00 часот   дел од ул. Теодосиј Синаитски во општина Карпош.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега