Двајца струмичани преживеале хорор на улица

25-годишниот С.З. 34-годишниот В.Ј. и 33-годишниот Г.Г. од Струмица си заработија кривична за насилство. Околу полноќ во Ново Село пред пицеријата Ана Марија, насилниците без повод и причина физички нападнале лице од Ново Село, а во тој момент дошле уште две лица кои без повод и причина биле физички нападнати. Претепаните лица биле пренесени во Општата болница во Струмица каде им биле констатирани видливи повреди на телото, а едно од лицата било задржано за понатамошно лекување.  

Истата вечер околу 2 часот пријавените се упатиле кон бензинската пумпа во селото Колешино, каде без повод и причина физички нападнале уште едно лице,  нанесувајќи му видливи повреди на лицето и телото. 

 

 

Оцени ја веста

13.12.2014 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега