„Убавините на Скопје низ историјата - Скопје на палетата на уметниците“

Изложба насловена „Убавините на Скопје низ историјата-Скопје на палетата на уметниците“ е отворена во просторот на МКД „Македонија“ во Сплит во рамки на културната соработка меѓу Република Македонија и Република Хрватска, како и во рамки на меѓуинституционалната соработка.

На изложбата, која ќе биде поставена до 12 јануари и е во организација на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје и МКД „Македонија“од Сплит, се претставени дела на 12 ликовни уметници од Македонија во повеќе ликовни техники (масло на платно, акрилик на платно, колаж, цртеж, графика, комбинирана техника, акварел, реди-меид објект, фотографија и видео).

Меѓу учесниците се Билјана Јовановска, Искра Беличанска, Маја Рауник Кирков, Јакуп Хајро, Весна Радишиќ, Шќипе Мехмети, Петра Јовановска, Ацо Таневски, Ива Јосифова, Афердита Кики, Божидар Тодоровски Бодле и Мелка Николовска.

Изложбата се очекува да биде претставена во повеќе градови во Хрватска. Манифестацијата е реализирана и поддржана и од Советот за национални малцинства на Хрватска.

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега