Ал Тавив: Бизнис климата во Македонија една од најдобрите - одлична работа на Владата

Македонска делегација предводена од премиерот Никола Груевски вчера присуствуваше на бизнис-форум во Ријад, Саудиска Арабија. Меѓу присутните беше и инвеститорот Халид Ал Тавил, кој изјави дека условите за бизнис во Македонија се едни од најдобрите и владата завршува одлична работа.

-Бизнис-климата во Македонија е одлична и е еднa од најдобрите што сме ја виделе во однос на инфраструктурата, на квалификуваните и талентираните лица, пријателска средина, даночен систем е исто така одличен и мислам дека Владата навистина направи голема работа во смисла на подготовка на земјата за повеќе инвестиции, но и во споредба со другите областа на инвестициите.  Од она што го видовме, мислам дека може да се спореди со врвните земји за инвестирање и јас сум прилично голем оптимист дека работите ќе се придвижат и ќе се зголеми темпото на инвестирање и во наредните годините, вели Ал Тавил.

Тој нагласи дека имаат планови за проширување за 2015 и 2016 година кои опфаќаат повеќе области за вложување како човечките ресурси во смисла на квалификувани луѓе кои работат на обука и развој, индустрија за недвижности со користење на различни можности за инвестирање, туризам и другите области на недвижен имот.

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега