Бизнисмените задволни: Придонесите за хонорарите ќе ја намалат нелојалната конкуренција

Законските измени со кои од 1 јануари договорите за дело и авторските договори ќе влезат во системот на задолжително осигурување се позитивни и ќе ја елиминираат нелојалната конкуренција меѓу компаниите, сметаат од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Заменик-претседателот на ССК, Сеад Кочан денеска на прес-конференција рече дека со законските измени хонораците ќе добијат социјална сигурност и еднаков третман со работниците вработени на неопределено работно време. 

- Сите хонорарци кои имаат авторски или договор на дело со една компанија, придонесите ќе треба да им ги плати компанијата која ги ангажирала. Оние кои имаат повеќе договори со повеќе претпријатија, а збирниот износ е над минималната плата ќе треба сами да платат придонеси, појасни Кочан.

 Според ССК, би можело прагот да се помести на просечна плата, наместо на минимална плата.

Со законските измени, оцени Кочан, компаниите ќе се стимулираат да го вработат хонорарниот работник како што е пракса и во државите од Европската унија

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега