Се изрезили Стево Пендаровски

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, по катастрофалниот пораз на изборите од претседателот Ѓорге Иванов најверојатно престанал да следи политика, имајќи ги во предвид неговите изјави поврзани со последниот самит во Белград одржан изминативе денови и посетата на македонската делегација на Саудиска Арабија.

Пендаровски на вчерашната трибина во организација на СДСМ во Охрид изјави дека на последниот Самит во Белград од страна на сите земји учеснички имало конкретни проекти, освен од нашата делегација предводена од премиерот Никола Груевски.

-На последниот Самит пред два дена во Белград на земјите од Централна и Источна Европа со НР Кина – велесилата во економска смисла, учествуваа 16 премиери. Од сите страни имаше конкретни проекти што сакаат тие да направат со таа велесила, а нашите заминаа по инвестиции во Саудиска Арабија, која може да извезува само две работи – нафта и вахабизам, рече Пендаровски.

Сепак, фактите покажуваат нешто сосема друго и дека претседателкиот кандидат на СДСМ е целосно во “аут“. Груевски во Белград имаше конкретни проекти, беше на средба на 17 премиери и имаше свое обраќање. Македонскиот премиер имаше посебни средби со кинескиот, српскиот и унгарскиот премиер, пишува Курир.

Македонија во Белград потпиша договор за царинско олеснување со Кина, Србија и Унгарија, а на средбата со кинескиот премиер како што беше известено станало збор за конкретни проекти од инфраструктурата, туризмот, енергетиката, инвестиции во нашата земја. Груевски по средбата со кинескиот колега Ли Кечијанг изјави дека две кинески компании се серозно заинтересирани за изградба на голема кланица и цементрарница во Македонија, а постои и интерес за реализација на енергетски проекти.

- На средбата ги реафирмиравме проектите што ги отворивме минатата година од кои едниот е градба на голема фарма и кланица за која оттогаш до сега голема кинеска компанија дојде три пати во Македонија и ги разгледуваше сите можности. Прават анализи и засега се со позитивен впечаток, но останува да видиме дали ќе дојде до финализирање. И лани, а особено сега покажаа огромен интерес за градба на цементарница. Премиерот побара и да се забрзаат разговорите околу тоа, изјави премиерот Груевски по билатералната средба, нагласувајќи дека се заблагодарил за поддршката на Кина за  градбата на автопатите Кичево-Охрид и Скопје – Штип.

Груевски посочи дека на средбата станало збор и за проекти во делот на енергетиката и туризмот, како и за индустријата и индустриските зони.

- Разговаравме и за градба на брзата пруга. Договоривме од наша страна министерот за финасии Зоран Ставрески и  за транспорт и врски Миле Јанакиески брзо да започнат разговори со нивните министри пред се за финасии за деталите, односно кој ќе биде начинот на финасирање и како ќе се гради. Во начело ние сме многу заинтересирани но сакаме да ги видиме деталите и начинот и условите како ќе се финасира, рече Груевски.

Дека Пендаровски по катастрофалниот пораз на претседателските избори е надвор од колосек дополнително потврдува и неговата изјава дека “Саудиска Арабија може да извезува само две работи – нафта и вахабизам“. Саудиска Арабија е водечка земја во ОПЕК и најголем извозник на нафта во светот, Саудискиот фонд за развој со чиј директор се сретна премиерот Груевски, за што известија и водечките саудиски медиуми, инвестира во инфраструктурни проекти во 80 различни држави, но овој податок се чини е непознат за Пендаровски.

За неинформираноста на Пендаровски говори и податокот дека највлијателните светски политичари ја имаат посетено Саудиска Арабија, како американскиот претседател Барак Обама, кој годинава во Ријад се сретна со саудискиот крал Абдула, рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, државниот секретар на САД Џон Кери, јапонскиот премиер Шинзо Абе, поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, британскиот премиер Дејвид Камерон и многу други. 

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега