Прогласени добитниците на награди на конкурсот „Trash for Art“

 Под мотото „Види уметност онаму каде што другите гледаат само отпад“ вчера во просториите на Кинотеката на Македонија беа прогласени добитниците на наградите на конкурсот „Trash for art“, распишан од Пакомак.

Годинава на конкурсот се пријавиле 160 уметнички дела изработени од амбалажен отпад.

Наградите беа доделени во две категории и тоа поединци и училишта. Во категоријата поединци првата награда од 50.000 денари му припадна на Стефан Анчевски, додека во категоријата училишта 50.000 денари ги доби СУГС „Никола Карев“- Скопје.

Сите дела кои влегоа во потесниот избор ќе добијат дипломи за финалисти на конкурсот Trash for Art 2014, а заедно со наградените дела ќе бидат изложени од 21. декември во Веро-центарот, кога и официјално ќе бидат доделени наградите.

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега