НОВА ИНВЕСТИЦИЈА: „Капкон“ инвестира во Македонија - ќе вработи 400 лица

Осумнаесет милиони долари вреди новата американска инвестиција во Македонија која ќе отвори нови 400 работни места. По денешното потпишување на договорот со американската компанијата „Капкон“, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески истакна дека оваа реномирана компанија од автомобилската индустрија ќе произведува инфлатори за воздушни перничиња наменети за пазарот во Европа.

-Оваа инвестиција целосно се вклопува во напорите на Владата да се привлечат глобални, реномирани компании кои ќе направат значајни промени во екомонијата и тие се случуваат. Во зоните се отворени 11.000 вработувања, а во следниот период се очекува уште 13.000 работни места, посочи Ставрески.

Тој додаде дека компанијата која од денес ја впишува Македонија на мапата на производни центри, инвестицијата ќе ја реализира во зоната во Скопје, а објектот се очекува да биде оперативен во вториот квартал од 2015 година.

Министерот за финансии додаде дека со инвестициите се забележуваат позитивни промени во македонската индустрија.

-Кумулативниот извоз од фабриките во зоните со крајот на ноември изнесува милијарда и шеесет и два милиони евра што е голем придонес за раст на извозот. Извозот од зоните е во рапиден пораст и Македонија со него ќе постигнува добри резултати и во времиња кога економијата во Европа не е толку добра, нагласи Ставрески.

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега