Салата од макарони со туна и зеленчук

  • 300 гр мали макарони
  • 2 конзерви од по 150 гр туна во масло
  • 1 морков
  • 15 црни или зелени маслинки без семка
  • 4 лажици пченка од конзерва
  • 4 лажици маринирани печурки
  • 4 лажици замрзнат грашок
  • 4 лажици посен мајонез
  • по вкус сол
  • 2 кисели краставички (сецкани на коцки)
  • Морковот исецкајте го на коцки и заедно со макароните ставете ги да се варат во посолена зовриена вода. Варете ги по упатството на пакувањето. 5 минути при крајот додајте го и грашокот и тој да се свари.
    Потоа исцедете ги, исплакнете ги со ладна вода и оставете ги да оладат.
    Ставете ги во сад, додајте ја туната исцедена малку од маслото, останатиот зеленчук, посолете по вкус и додајте го мајонезот. Се убаво измешајте и спремна е за сервирање.
    Мајонезот можете да си додадете и повеќе ако сакате покремаста салата.

    Мои рецепти

 

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега