Хрватот Невен Мимица стана нов европски комесар

Невен Мимица е првиот хрватски комесар кој стана член на Европската комисија.

ЕП со 565  гласа за го одобри неговото назначување како член на Европската комисија. Против беа 64 и 64 други европратеници беа воздржани.

Невен Мимица ќе биде задолжен во Европската комисија за заштита на потрошувачите, односно за безбедноста на производите, следењето на пазарот и пристапот до базична банкарска сметка.