Денеска денот „Д“ за машката ракометна репрезентација - пласман или збогување од ЕП 2012

Денеска е клучниот меч кој нашата машка ракометна репрезентација ќе го игра против Швајцарија во рамките за квалификациите за Европското првенство во Данска кое ќе се одржи следната година. Натпреварот ќе се игра во Цирих со почеток во 20 часот. Покрај поволен резултат со Швајцарија мораме да се надеваме и на тоа да Шпанија не направи кикс против Португалија. Во случај на нерешено меѓу Португалците и „шпанската фурија“, тогаш мораме да одиме на победа против Португалија во недела и тоа со осум гола разлика. Нашата репрезентација се очекува верва да ја има поддршката од околу 1000 навиваши, а оние кои што нема да можеа да отпатуваат за Цирих, мечот можат да го проследат во директен пренос на нашата национална телевизија. 

најчитано сега