ФОТО: Над 500 Дедомразовци се тркаа во Скопје

Повеќе од 500 лица учествуваа денес во првата Дедомразовската трка во Скопје.

Трката, која е дел од богатата програма за одбележување на Новата 2015 година се одвиваше по траса долга 1,6 километри. Истата започна од плоштадот Филип Втори, преку Македонскиот народен театар, Мост Гоце Делчев, булевар ВМРО, булевар Димитрие Чуповски, улица Македонија, Плоштад Македонија, Порта Македонија, до целта кај паркот Жена Борец (спроти Собрание на РМ).

trka-500

- Оваа манифестација е од забавно-рекреативен карактер и истата ја збогатува предновогодишната програма во Скопје. Со денешната трка Скопје се приклучува на листата на метрополи од светот каде што се организира ваков настан. На денешната трка учество зедоа над 500 лица и истата ќе се организира и идната година, кога се надевам дека ќе биде помасовна, истакна градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Тој ги додели наградите и медалите за најдобрите во трката во машка конкуренција, каде на првата Дедомразовска трка победи Илија Пајмаковски, второто место го освои Дарко Попацев, додека трет беше Богдан Цветковски.

trka3-500

Наградите и медалите за најдобрите во трката во женска конкуренција ги додели генералниот директор на Пивара Скопје АД, Александар Ружевиќ, каде на првата Дедомразовска трка во женска категорија победи Кристина Попческа, второто место го освои Маја Ивановска, додека третото место го освои Ана Марија Петрушевска.

 

trka2-500

 

Дедомразовската трка е настан од спортско-рекреативен и забавен карактер и истата се одвива во голем број на светски метрополи, а годината и Скопје се вклучува во оваа организација.

Првите 500 учесници коишто се пријавија на трката добија дополнителен подарок-  Дедомразовски костум.

 

trka1-500

 

Сите средства кои беа собрани од котизацијата за учество на првата Дедомразовска трка во Скопје ќе бидат наменети за изградба активна зона во Скопје, во која ќе биде поставена опрема за вежбање, односно фитнес центар на отворено. 

Овој настан е организиран од страна на Градот Скопје и Универзалната сала, во соработка со Прв до врв, додека главен спонзор Пивара Скопје АД.

 

 

Оцени ја веста

28.12.2014 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега