Марија Михаиловиќ се огласи на FB по прогласувањето на победникот во ТЛЗП

Откако беше изоставена од жирито на финалната вечер од втората сезона од шоуто „Твоето лице звучи познато“, марија Михајловиќ се огласи преку писмо на својот Фејсбук профил.

Таа вели дека кој ќе биде вечерва победник “знаат тие кои сето ова за сопствен интерес и го приредија, така што целиот труд на учесниците е бесмислен, а со тоа го навредуваат секој поединец кој учествува во емисијата“

-Јас не сакам да бидам дел од тоа ниту сакам во тоа да учествувам . Се трудев максимално професионално да ја работам својата работа со целосна одговорност, желба и намера од секој натпреварувач да го извлечам најдоброто и на секој од нив да му дадам подеднакво внимание. И да имав фаворит тоа секако немаше јавно да го кажам- вели таа во писмото кое го објави на нејзиниот приватен фејсбук профил.

- Ако треба да бирам меѓу опцијата да бидам некој кој слепо и беспоговорно извршува нечии наредби или професионалец и одговорен човек тогаш секогаш ќе го изберам  ова второто, свесна на сите можни последници. Ете ви го финалето, а јас одам- вели Марија

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега