Јубилеј: Здравје Радово произведе 1,5 милиони парчиња Кисело Млеко

Домашната реномирана млечна индсутрија Здравје Радово деновиве оствари мал јубилеј. Имено во првите 5 месеци од оваа година произведени се над 1.500.000 производи од веќе познатото Кисело Млеко, надминувајќи ги резултатите во 11 години наназад во истиот период. Овој успех е резултат на довербата на потрошувачите и кооперантите, како и на фактот дека Млекара Здравје Радово во првите месеци од 2013 година бележи раст на производстото од 30%.

Киселото млеко на Здравје Радово претставува спој на современа технологија и високо квалитетно домашно млеко кое е произведено по традиционални методи од нашите баби. Кисело млечен производ кој е богат со калциум, минерали и витамини, што овозможува да биде производ со висока енергетска и нутриционистичка вредност , особено погоден за најмладите за нивен правилен раст и развој . Се препорачува како додаток на секоја исхрана, за сите возрасти, како производ кој благотворно делува на дигестивниот тракт и го зајакнува имунолошкиот систем на организмот. Нутриционистите и докторите го препорачуваат особено во летниот период како диететски производ кој ефикасно се грижи за здравјето.

Горди сме што токму Киселото Млеко од Здравје Радово го преферираат потрошувачите. Тоа е еден од нашите најконзистентни производи, кој како дел од нашата кисело млечна програма се трудиме континуирано да одржуваме висок квалитет и постојаност. Целосно автоматизираниот процес на производствоповеќефазните контроли како и  ефективно имплементираните НАССР стандарди, како и нашата долгорочна определба да создаваме квалитетни и безбедни производи, се гаранција потрошувачите да ни веруваат, изјави првиот човек на млекарницата г.Јован Дабевски.

Во моментов производното портфолио на Здравје Радово го сочинуваат 40 млечни и киселомлечни производи, кои се пласираат на домашниот и регионалниот пазар, а над 25% од вкупното производство се извезува. Наскоро на пазарот ќебидат дистрибуирани шест нови производи - намази, путери и за прв пат чоколаден намаз.

 

Млекарницата Здравје Радово поседува четири производни капацитети, два во Струмица, еден во Куманово и еден во Скопје и голем дистрибутивен центар во главниот град, како и во Куманово, Струмица и Битола, соработува со повеќе од 2000 фармери, како и со најголемите фарми во Македонија, како што се ЗИК Пелагонија, ЗСК Струмица и др.

најчитано сега