На овие места утре не помислувајте да возите автомобил во Скопје

Дел од центарот на Скопје ќе биде затворен за сообраќај, поради одржување на повеќе новогодишни манифестации во среда, 31ви декември.

Град Скопје информира дека затворени за сообраќај во период од 11 до 13,30 часот како и од 20 до 01 часот ќе бидат улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, од крстосницата со ул. „Филип Втори Македонски“ до крстосницата со улицата „Даме Груев“.

Поради тоа ќе се изврши и пренасочување на автобускиот сообраќај на линиите кои минуваат на овој потег: Автобусите со број 26, 50, 57, 59 кај Градска болница ќе се движат по ул. „11Октомври“ кон Зелено пазарче, потоа десно по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор) и продолжуваат по својата траса. Во обратна насока ќе ја користат ул. „Даме Груев“ (зад Собрание).

Автобусите со број 3, 3А, 3Б, 4, 4А, 5, 7, 7Б, 15, 15А, 21, 21А, 22, 23, 24, 25, ќе се движат по бул. „Кочо Рацин“, ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор) и продолжуваат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по ул. „Даме Груев“ (зад Собрание) и продолжуваат по своите траси. Притоа ќе ги користат постојните автобуски стојалишта.

Град Скопје ги моли сите учесници во сообраќајот да се придржуваат и да го почитуваат времено поставениот режим на сообраќај.

ПКако и секоја година големи гужи се очекуваат и околу трговските центри. Ви препорачуваме да го оставите автомобилот доколку планирате да одите во ГТЦ, Капитол или Скопје Сити Мол, бидјеќи на паркинзите ќе се создаде голема гужва поради штомоно е со часови да чекате во автомобилот.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега