Станав среќен човек откако почнав да верувам во Бог

Приказната за човекот кој откако беше сведок на страшна сообраќајка, почна да верува во Бог ги потресе многумина низ светот.

Тој во детали го раскажува денот кога сфати дека горе на небото навистина постои некој кој се грижи за сите луѓе на земјата.

Неговата приказна започнува откако завршил со работното време и возел на пат кон дома ..

„Возев на пат кон дома и си размислував за сите работи кои треба да ги завршам, а ми се дел од денешната листа на обврски. Ги гледав децата кои трчаа по улиците и си играа со соседите, ги гледав луѓето кои брзаа да ги земат своите деца од училиште, кои брзаа да отидат до супермаркет и да го фатат последниот дневен попуст на одбрани производи, ги гледав домаќинките кои брзаа накај дома да зготват ручек за своите гладни и уморни мажи кои набрзо ќе се вратат од работа, а во меѓувреме размислував и за моите обврски кои морам да ги завршам до крајот на денот.

Наеднаш, видов нешто за кое не ни помислував дека некогаш ќе го видам. На патот помеѓу раскрсницата каде што поминуваше воз, се случила несреќа. Возот го удрил автомобилот во кој на возачкото седиште беше мајка која не даваше никакви знаци на живот, на задното седиште имаше бебе кое беше облеано во крв, а до него седеше неговата сестричка која најверојатно имаше 4 години и исто така беше облеана во крв.

Малото девојче, во еден момент се освести и извика: „Дали мајка ми и бебенцето се добро?“

Јас само ги погледнав и и одговори: „Злато, сеуште не сум сигурен. Брзата помош доаѓа навака. Ќе биодете добро“.

Во тој момент девојчето извика: „Не ги зимајте мајка ми и бебенцето, ве молам“!!

Во тој момент јас мислев дека е во некој делириум и незнае што зборува, па ја запрашав: „Кој да не ги зима мајка ти и бебето“?

„Зарем не го гледаш ангелот кој им подаде рака на мајка ми и бебето“? - рече девојчето.

„Аглеот ги зима мајка ми и бебето! Сакам да одам со нив, не сакам да бидам сама на земјата“, во солзи додаде девојчето.

Во тој момент, нависитна незнаев што да правам и како да реагирам. Дури и моите очи се наполнија со солзи, откако ги слушнав тие нејзини зборови. Во истиот момент се прашував себе си од каде ли доаѓа тој ангел?

Не сум верник, не верувам во Бог, во ангели и демони. Се прашував, каков ли Господ ќе ги земе мајката и бебето, но не и малото девојче?

Додека јас бев задлабочен во своите мисли, девојчето ги подаде рацете кон небото, се насмевна и беше толку среќно, што во истиот момент ги затвори очите и почина.

Тогаш сфатив дека најверојатно нејзината мајка заедно со бебето и подадоа рака и го земаа малото девојче заедно со нив, да бидат среќни таму горе. 

Искрено, и јас почувствував мала среќа дека девојчето отиде заедно со својата мајка и бебето на небото. Бев среќен, што видов дека девојчето со насмевка го напушти овој, помалку суров свет и безсгрижно отиде во прегратките на својата мајка.Бев среќен, што мајката и бебенцето се вратија по малото девојче.

По оваа случка на која бев единствен сведок, додека да дојде Брзата помош, почнав и јас да верувам во Господ и да верувам дека таму горе има ангели кои се грижат за нас, смртниците.

По оваа случка, мојата душа стана просветлена, и мојата среќа се сврте кон верувањето во Господ, а тоа мое верување ме правеше среќен во секој изминат ден“.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега