Половина од Французите ќе ја прослават Новата година во домашна атмосфера

 

 

Секој втор Французин новата 2015 година ќе ја дочека во домашна атмосфера, односно 48,8 отсто од населението предвидува да ја помине ноќта надвор од својот дом, јави дописникот на МИА од Париз.

Според испитувањата на јавното мислење, 67,5 отсто од Французите ќе ја поминат ноќта на Свети Силвестер во друштво, 22 отсто во двојка, 4,4 отсто сами и само шест отсто немаат ништо предвидено за вечерва.

Испитувањата исто така покажаа дека на Французите како најомилена дестинација за дочекот на Новата година им е токму нивниот главен град - Париз, следуваат Лондон и Барселона.

Според сајтот Триваго, кој се занимава со хотелски сметувања просечно за новогодишната ноќ во Париз треба да се издвојат за гала вечера и ноќевање во хотелско сместување во двокреветна соба, во просек треба да се издвојат 218 евра.

Во Лондон, цената за ноќевање во двокреветна соба во хотелско сместување заедно со ногодишната вечера чини во просек 302 евра.

На трето место е Барселона со 176 евра, на четврто место Амстердам со просечна цена од 304 евра, на петто Брисел со цена од 140 евра. На шесто место на омилени градски дестинации за „најлудата ноќ“ за Французите е Рим, каде хотелско сместување заедно со свечената вечера чини 172 евра. Седми град е Дубаи со 261 евра, осми Марекаш со цена од 88 евра.

На деветто место е Стразбур, каде хотелски дочек на Нова година со ноќевање чини 135 евра, а на десетто место е Венеција со 280 евра.

 

 

Оцени ја веста

31.12.2014 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега