Груевски: По катастрофалниот пораз опозицијата треба да сфати порака од народот

Се надевам дека опозицијата која годинава доживеа еден од најтешките порази во нивната историја во 2015 ќе извлече поука од сопствените грешки и ќе ја разбере пораката на народот, вели премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање.

Од нас, потенцира, ќе има подадена рака за соработка секогаш, затоа што тоа е од интерес за нашата држава и народ, за демократијата и иднината.

Според Груевски, со гнев, злоба, без идеи и проекти, со неумесни условувања, со манипулации и интриги не се освојува поддршката на граѓаните. - Напротив, со многу труд, работа, посветеност, искреност и креирање добро обмислени и пресметани идеи за сите граѓани, укажува Груевски и додава дека  како влада и владејачки партии ќе останат фокусирани на препознавање на сопствените грешки, на слабости и пропусти. Само така, смета, можеме да останеме конкурентни на политичката сцена и да ја освојуваме довербата на мнозинството граѓани, вели премиерот Никола Груевски.

 

 

Оцени ја веста

01.01.2015 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега