150 македонски претпријатија денеска на едно место

Во организација на Услужната Комора при Сојуз на стопански комори и ПроКредит Банка денеска ќе се одржи бизнис средба со цел вмрежување на членките од различните комори. Околу 150 претпријатија, членки на коморите од различни сектори: трговија, хотелиерство, транспорт, услуги, од цела Македонија на едно место ќе можат да се запознаат и да остварат бизнис контакти.

Услужната Комора при ССК и ПроКредит Банка, имаат заедничка цел – унапредување и развој на претпријатијата. Унапредување на бизнисот во Македонија воедно значи ширење на бизнис контактите, со цел да се склучат нови бизнис партнерства.

На бизнис средбата ќе присуствува раководството на СКК, претставниците од ПроКредит Банка и 150 сопственици на македонски компании од малиот и среден бизнис сегмент.