Раст на економијата, нови инвестиции и намалување на невработеноста во 2015-та

Раст на економијата од 4 проценти, намалување на невработеноста, нови инвестиции и подобар амбиент за домашното стопанство се приоритетите на владата во новата 2015- та година, пишува Лидер.

Во 2015-та ќе ги објават или изградат своите капацитети во зоните, не само во Скопје туку и во внатрешноста.

Според вицепремиерот Ставрески досега преземените мерки, откупот на дворно место, отписот на долговите, зголемување на социјалната помош, помогнаа во подобрувањето на стандардот на граѓаните.

-Приоритет број еден и натаму останува намалувањето на невработеноста, а за да се случи тоа потребни се инвестиции. Тоа значи дека привлекувањето на странски инвестиции и опстојување на добриот амбиент за домашните инвеститори, ќе претставува приоритет на Владата за 2015-та година, изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Инвестицискиот циклус ќе продолжи и годинава, ќе се градат нови фабрики и ќе расте бројот на вработените.

-Ние како што им ветивме на граѓаните уште на почетокот на 2014 – та година дека ќе има над 20 странски инвестиции така и се реализираа во 2014 – та и очекувам истото да продолжи и во 2015-та година. Имаме дваесеттина, дваесет и пет фирми што треба да ги објават инвестициите или да ги почнат, изградбата да ја почнат на фабриките во зоните и тоа е во сите региони на Република Македонија, значи не само во Скопје каде што неодамна имавме потпишување на договор со „Капкон“ за нови 400 работни места и некои други инвестиции, но и во внатрешноста на Република Македонија. Во Охрид на пример имаме две германски фирми кои што за Охрид и за Струга ќе обезбедат вработувања на над 3.000 лица вкупно . Во Прилеп инвестицијата на „Гентерм“, американска компанија со околу 2.000 вработувања. Понатака имаме инвестиции во Штип, имаме во Кочани и на сите други места и во Тетово, значи во сите населени места во Република Македонија гледаме барем по еден инвеститор да обезбедиме со тоа да се отворат работни места, вели министерот.

Според него фoкусот и натаму останува на презентирање на Македонија како земја со добра бизнис клима и потврдата што доаѓа од „Дуинг бизнис“ и „Светска банка“ секоја година Македонија е лидер во регионот на Југоисточна Европа- е најдобра референца за инвеститорите дека и натаму може да сметаат на добра бизнис клима во Македонија, најниски даноци во светот и квалитетна работна сила, сето тоа заеднички ни дава надеж дека 2015 – та ќе биде успешна година во привлекувањето на странски инвестиции.

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа