ФОТО: Потрошил 300 фунти за операција на златна рипка

Посветен сопственик на златна рипка потрошил 300 фунти за да го спаси животот на својата златна рипка, откако рибата фатила запек.

Човекот, чие име не се наведува во медиумите, ја однел рибата во ветеринарниот центар во Норт Валшам, Норфолк, откако забележал дека рибата се бори да го исфрли изметот.

Тој се надевал дека ќе биде едноставна процедура, но излегло дека персоналот во ветеринарната болница морале да изведат деликатна операција, која го чинела сопственикот дури 300 фунти.

Сопственикот најпрво го одбил лекувањето, но 10 минути подоцна се премислил и се вратил назад во болницата за да даде "зелено светло" за операцијата.

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега