Го ставиле во автомобил, го однеле на гробишта и го тепале - тројца насилници нападнаа скопјанец

Вчера 24-годишниот А.Е. од Скопје пријавил дека околу 18 часот и 30 минути на улицата „Виетнамска“ бил физички нападнат од страна на три непознати лица.

Насилниците го совладале и насилно го внеле во возило марка „Голф 1“ со сива боја со непознати регистарски ознаки. Потоа, го однеле кај гробиштата -Бутел каде повторно почнале физички почнале да го малтретираат и да му се закануваат по животот, а му го одземале и телефонот за да не може да се јави на никого и да побара помош.

Причина за нападот е што лицата мислеле дека А.Е. е сторителна кражбана моторцикл.

Се работи за В.Ш.(38), Д.Ш.(25) и Д.Ш.(34) сите од Скопје притив кои ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.