Ги фатил дека се возат без билет па го претепале - крвав инцидент во автобус на ЈСП

Вчера во 13 часот и 40 минути на улицата „Втора Македонска Бригада“, на автобуска постојка во автобус на ЈСП со број 19, бил претепан 48-годишниот  М.Ј. од Стајковци, вработен како контролор.

Тој фатил група од 15 лица како се вози без билет во автобусите на ЈСП, па тие го претепале.

Насилниците го удирале контролорот со тупаници и клоци по главата и телото, при што му нанеле телесни повреди.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

најчитано сега