Анџелина и Бред се венчале пред свадбата во Франција

Актерката и режисерка Анџелина Џоли во интервју за италијанскиот магазин „Ио Дона“ открива дека таа и Бред Пит биле венчани кога ја правеле свадбата во Франција.

-  Пред венчавката во Франција, на која присуствуваа и нашите деца, се венчавме во Калифорнија. Ако не го сторевме тоа, нашата венчавка во Франција немаше да биде легална. Му се јавива на Бред и го прашав да ли сака да се најдеме тоа попладне и без помпа ги потпишавме документите, вели Џоли.

Анџелина и Бред одржаа свечена венчавка минатата година на луксузиниот имот Шато Мирвал во Франција, каде актерката носеше венчаница украсена со цртежи на нивните деца. 

Џоли до олтарот ја придружуваа синовите Медокс и Пакс, ќерките Захара и Вивиен пред неа фрлаа цвеќиња, а Шилокс и Кнокс ги држеа перничињата со прстени.

На церемонијата покрај двојката и нивните деца присуствуваа само уште родителите на Бред и неговите брат и сестра со семејствата. 

 

 

Оцени ја веста

11.01.2015 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега