Се бараат приправнички добри во кревет

Огласот за работа кој е објавен на официјалниот профил на неделното модно списание „Sunday Style“ предизвика бурни реакции.

Ова популарно списание кое има тираж од 90.000 примероци, доби остри критики поради сексизам во огласот.

Имено, објавениот оглас преку кој се бараат приправнички прикажува девојка облечена само во секси црна долна облека.

Освен тоа, таа клечи на кревет во предизвикувачка поза. Преку таа фотографија е испишано: „бараме приправнички“.

Откако на социјалните мрежи уследија остри реакции, огласот брзо беше отстранет, и објавено е извинување во кое нагласија дека својата програма за приправници ја сметаат за сериозна.

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега