Следува нов температурен шок

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус осум до минус еден, а дневната од шест до 13 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер.

Утринската температурата ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време. Во четврток со преодно наоблачување и умерен северен ветер.

Утринските температури во овој период ќе бидат во благ пораст, а дневните ќе бидат без значителни промени.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега