Дебарските Бањи се попривлечни за странските туристи

Познатите по својата лековитост „Дебарски бањи-Цапа“ стануваат се попривлечни за странските туристи.

- Лани од над 80 илјади остварени ноќевања, дури 60 отсто отпаѓаат на странски туристи. Најмногу ги имавме од Албанија, Косово, потоа од Холандија, Италија, Австрија, како и нашинци и нивни пријатели од САД и Австралија, изјави Меџит Цапа сопственик на бањите.

Домашните туристи ги има од сите делови на Македонија, од Прилеп, Битола, Куманово, Тетово, Гостивар, Охрид...

Според него, по приватизацијата на овие бањи познати по својата лековитост, за подобрување на сместувачките капацитети, опремување на одделот за терапии, угостителскиот дел, како и за набавка на потребна опрема, инвестирани се над седум милиони евра.

- Наша цел беше и тоа сметам дека го остваривме, гостите кои ќе престојуваат во бањските локалитети Бањиште и Косоврасти, како и хотелот во Дебар, да добијат услуга со евроски стандарди. Во таа насока, а и поради се поголемиот број гости, капацитетите ќе ги прошириме со изградба на нов хотел во Бањиште, нагласи Цапа.

Установата многу вложува и во усовршувањето на медицинскиот и угостителскиот кадар преку посета на разни семинари во државава и надвор од неа, упатување лекари на специјализации, а и натаму продолжува со доделување стипендии за средно и високо образование за кадар кој е потребен.

Сопственикот Цапа како многу позитивен го оценува владиниот проект за престој и рекреација на пензионерите. Во изминатите години тука престојувале над 2.000 пензионери годишно.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега