ФОТО: Кежаровски вратен во затворот во Шутка

Новинарот Томислав Кежаровски доцна попладнево во придружба на полициски службеници е вратен во затворот во Шутка, објави Сител. 

Тој најголем дел од казната ја помина во домашен притвор- една година и два месеца, а  му остануваат уште три месеци и десет дена за да ја покрие двегодишната затворска казна  која вчера ја објави Апелациониот суд во Скопје.

Неговата сопруга Марина Кежаровска вели дека се затечени од неговото затворање вечерва, бидејќи писмено пресудата им ја донеле полициските службеници кога дошле да го приведат. 

Тој  прво беше осуден на четири ипол години затвор од Основниот суд Скопје 1,  поради објавен текст во кој го открил идентитетот на заштитениот сведок, но по поднесената жалба,  Апелација ја намали казната на две години. 

Кежаровски беше еден од уапсените во полициската акција "Ликвидација". 

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега