Вељановски со честитка по повод Водици

Со особена чест и задоволство, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, како и на сите верници од православна вероисповед на Македонската православна црква во земјата и во странство, Ви упатувам искрени честитки по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици.

Големиот христијански празник и славењето на Христовото крштевање е голем настан преку кој го прославуваме нашето духовно раѓање, нашата блискост до Бога и како христијански верници ни дава духовен мир и топлина во срцата. Богојавление - Водици и симболиката на овој празник нека ни дадат поттик за да продолжиме да го негуваме и шириме учењето Христово.  Со осветување на водите ја уважуваме вековната традиција на зацврстување на верата, но и на меѓусебното почитување и разбирање, толеранцијата и единството.

Искрено да веруваме во нашата сплотеност и да сме цврсто обединети во нашите цели за промовирање на православните христијански вредности како и чување на духовното и културното наследство. Потребно е сите заедно да работиме за подобра иднина на секој поединец, како и на нашата држава Република Македонија.
Вам како и на сите православни верници од Македонија и светот, Ви посакувам празникот да го поминете во духовен мир, исполнети со многу здравје, среќа и бериќет во секој дом.

Нека ни е честит и вековит овој голем христијански празник.

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега