Вајгл побара отворање на преговорите со Македонија

Известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Словенецот Иво Вајгл, на денешната презентација на неговата прва предлог-резолуција за нашата земја побара отворање на преговорите за членство во Европската унија, што според него е важно прашање и предуслов кога станува збор за напредок на земјата.
 
Сепак, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, откако Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европарламентот во текот на вчерашниот ден ја одложи расправата за Македонија за денеска, а по претставувањето на предлог-резолуцијата од страна на известувачот Вајгл, потпретседателот на АФЕТ, Андреј Пленковиќ, уште еднаш ја одложи расправата за македонскиот случај, овојпат за час и половина, поради настапот на генералниот секретар на Арапската лига.
 
- Ова не е коректно кон Македонија како земја, кон мене како известувач и воошто кон сите колеги-европратеници што сакаат да дискутираат за оваа предлог-резолуција, реагираше известувачот Вајгл.
 
Исто така и неколку грчки европратеници реагираа што се одложува расправата за Македонија, бидејќи, според нив, тие се подготвувале да реагираат, а поради одложувањето, неколкумина од нив не ќе можат да го кажат своето мислење за напредокот на земјата во евроинтеграциите, бидејќи ќе мора да отпатуваат.
 
- Ова не е поради змејата, поради мене или вас, туку за да покажеме респект кон главниот секретар на Арапската лига, пресече претседавачот Пленковиќ.
 
Претходно, при презентацијта на својата предлог-резолуција за Македонија, Словенецот Вајгл истакна дека отворањето на пристапните преговори со земјата ќе ја засили регионалната стабилност и позитивно ќе влијае на решавање на билатералните спорови, ќе ја засили етничката кохезија оти сите се стремат за постигнување на заедничката цел.
 
- По деветти пат Европскиот парламент препорачува почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Таков потег ќе го поттикне политичкиот дијалог во змејата и ќе ја зголеми економската стабилност и директните инвестиции. Подготвеност за компромис е предуслов за решавање на кој било проблем, посебно билатерален и нема причина зошто во духот на добрососедските односи и стабилност и просперитет на регионот, да не се отворат преговорите. Потребни се чекори за да се реши прашањето за името и другите билатерални проблеми, но сега е моментот да се отворат вратите на земјата и таа да влезе во Европската унија, апелираше слвоенечкиот европратеник Вајгл.
 
Потенцирајќи дека на почетокот на декември минатата година минал неколку денови во Скопје за лично да се запознае со ситуацијата на терен, Вајгл посочи дека разговарал со претставниците на владата, на партиите и на граѓанското општество, како и со претставници на медиумите. Тој рече дека ситуацијата во Македонија не е нешто што е ново за него оти земјата ја следи одблиску во последните 15 години. Затоа, според Словенецот, не го изненадило кога видел дека има некои проблеми што и се споменати во предлог-резолуцијата.
 
- Она што ме изненади е атмосферата на отвореност и ентузијазам кога станува збор за идно членство на Македонија во ЕУ. Имав добра соработка и добродојде искажано од домаќините во земјата, посочи Вајгл.
 
За разлика од неговиот претходник Ричард Ховит кој не нарекуваше „оваа земја или „вашата земја, Вајгл во својот говор го користеше уставното име Македонија, со тоа што понекогаш ја користеше референцата „ПЈР Македонија. Тој посочи дека земјата годинава влегува во десеттата година откако стана кандидат за членство, дека е најнапредна кога станува збор за ускладеноста со европското законодавство и истакна дека Европската комисија повеќепати препорача до Европскиот совет да ги отвори преговорите со Македонија.
 
- Но, секогаш се појавуваат исти прашања, т.е. едно важно прашање кое е препрека за отворање на преговорите, додаде Вајгл.
 
Истакнувајќи дека Македонија добро напредува во добрососедските односи и има конструктивна улога во билатерланите односи со останатите земји-кандидати, словенечкиот европратеник рече дека билатералните односи со Грција ги оптоварува спрото за името, но дека економски и трговски, Македонија и Грција имаат добри односи. Со Бугарија, според него, земјата соработува во делот на одбраната, додека за договорот за добрососедство има напредок.
 
Вајгл истакна и дека Македонија е една од ретките змеји во регионот што нема нерешени гранични прашања со соседите, додека минатогодишните парламентарни избори не биле признати од опозициската СДСМ, поради наводни неправилности, што вклчувало купување гласови, заплашување и пристрасност на националната телевизија. Сепак, според Вајгл, ОБСЕ заклучил во својот извештај дека изборите биле добро спроведени, немало пристрасност кон владејачката партија и дека само понекогаш не била јасна границата меѓу партијата и државата.
 
- Повеќепати го имам споменато прашањето за бојкот на работата на парламентот и истакнав дека и за таа партија што бојкотира, Собранието треба да биде приоритет и дека треба да се залага за нормално функционирање и работа на парлманетот. Како и останатите од ЕУ, јас пробав да го убедам лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но не сум сигурен дали мојата интервенција ќе резултира. Бојкотот на СДСМ го загрозува доброто функционирање на парламентот и спречува носење клучни реформи, а и во овој случај Собранието нема контрола на Владата, не постои конструктивен дијалог и има длабоки поделби меѓу политичките партии. Во Скопје нагласив дека Собранието функционално спаѓа во одговорност на владејачката партија, но и на опозицијата која бојкотира и треба активно да се работи за да се најде компромис, гласи пораката до известувачот Вајгл.
 
Словенечкиот европратеник посочи дека спроведувањето на Охридскиот договор е есенцијално за чувствителните меѓуетнички односи во земјата и исткана дека некои политички челници и понатаму користат реторика која предизвикува поделба.
 
Според известувачот за нашата земја од Европарламентот, законодавниот процес донел реформи на јавната управа, дека е усвоена стратешка рамка во 2010 година, но дека Македонија има најлоши резултати во регионот во однос на медиумските слободи и дека независноста на медиумите е загрозена поради политички притисоци. Тој рече дека е потребна транаспарентност во доделувањето на средствата и кампањите кои ги спонзорира државата и дека предметот Кежаровски е проблематично прашање.
 
Поздравувајќи ја работата на Акедемијата за судии и обвинители, Вајгл истакна дека се ажурирани законите во Македонија во однос на граѓанското и казненото право, но дека постои селективност во областа на политичките притисоци над работата на судиите. Според него, независноста на судот од притисок на извршната и законодавната власт формално е гарантирана, но дека во некои случаи судиите не делуваат независно.
 
Економските резултати во Макеоднија се задоволителни, рече Вајгл и посочи дека земјата имала економски раст од 3,9 отсто минатата година во споредба со 2013 година, како и дека стапката на невработеност е се уште висока, но се намалува. Известувачот нотираше дека Македонија и понатаму е предводник во регионот во однос на бизнис-околината и дека според листата на Светска банка за правење бизнис е на високо 30-то место во светот. Сепак, според Вајгл, понекогаш има проблеми кога станаува збор за договори и има проблеми во работната околина, што му го кажале работодавците минатиот месец во Скопје.
 
По ова претставување на прелдог-rезолуцијата за Република Македонија во однос на последниот прогрес-извештај на Европската комисија, претседавачот со Комитетот за надворешни работи, Андреј Пленковиќ, посочи дека има десет лица јавени за збор и дека ќе се продолжи со дискусијата за македонскиот случај по настапот на главниот секретар на Арапската лига. 
МИА
 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега