Пензионер од Скопје доби седмица на лото

Денесимавме задоволство да се запознаеме со најновиот член на семејството добитници на премија од НОВОЛОТО 7/34.

 На 7ми јануари, оваа година, Божиќното коло на НОВОЛОТО 7/34 му донесе среќа на пензионер од Скопје, чија желба за  анонимност ја почитуваме, а ви пренесуваме  дел од разговорот со него. Станува збор за долгогодишен играч на играта ЛОТО, кој многу пати бил блиску до премија, но оваа ми е првата која му ја наградила доследноста и лојалноста  кон играта.

 Добитникот сподели со нас дека има неколку ливчиња кои ги игра на исти броеви, распоредени во 5 комбинации, а кои секогаш ги носи со себе. Од почетокот на приредувањето на играта на среќа НОВОЛОТО 7/34 од Државна лотарија на Македонија, не пропуштил да уплати ниту едно коло. Уплатувал дури и во празничните денови, кога неговото среќно место не работело, се упатувал кон центарот на градот само за да ги уплати своите среќни броеви.

 „Играњето лото е моја забава, независно што синовите ме советуваа дека не мора да уплатувам баш секое коло. Јас си терав по свое. Сакам да играм ЛОТО, не се надевав дека ќе добијам премија, доволни ми беа помалите добивки, бидејќи играв од забава. Сепак, оваа 7ка е потврда на мојата долгогодишна верба и верност кон играта. Оваа игра ја играат и моите пријатели, кои сега се радуваат заедно со мене.“

 

 Добитникот на 7ка е симпатичен, насмеан пензионер, полн со енергија, а дружењето со него беше навистина забавно. Тој ги поздрави сите верни играчи на НОВОЛОТО 7/34, па им порача да не се откажуваат од играта, да не се разочаруваат ако некое коло не добијат ништо или ако не добијат доволно. За младите порача дека независно од сите нови игри на среќи кои се нудат, играта ЛОТО има посебен дух и играњето ЛОТО носи поинакво задоволство.

 

 Играта НОВОЛОТО 7/34 се приредува од страна на Државна лотарија на Македонија од 23ти април 2010 и ја носи најголемата премија во Македонија. Нашиот 9ти добитник на премија со уплата за 5 денари комбинации и еден Џокер, вкупно 110 денари, доби премија вредна 6.000.000, 00 денари. Нека му е со среќа!

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега