Високиот раст на економијата резултат од мерките и политиките на Владата

Најдобрата потврда за тоа дека Македонија е земја со највисок економски раст во регионот доаѓа од последните извештаии од Лондон и Вашингтон на двете најреномирани финансиски институции ЕБРД и Светска банка. Ова денеска го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

- Овие резултати покажуваат дека и Светска банка и ЕБРД сметаат дека македонската Влада знае што прави и знае како да ја води економијата во вистинска насока, се друго се сведува на дневна политика и влијае на реномето на оние коишто излегуваат со лаги, дезинформации или апокалиптични сценарија за тоа дека со вакви политики македонската економија ќе доживее крах, Македонија ќе нема раст и нема да може да ги исплати пензионерите или слично. Се покажа после 8-9 години дека ништо од тоа не се случи, напротив, од  година в година се потврдува дека имаме добри економски резултати, посочи министерот за финансии.

Според Ставрески ваквите резултати не се случајни, туку истите се последица на мерките и политикита на Владата на Р.Македонија, односно причини за тоа се капиталните инвестиции во буџетот на Р.М. којшто овозможуваат реализација на значајни инфраструктурни проекти како што е почетокот на изградбата на автопатите, пругата кон Бугарија, голем број на регионални патишта, реконструкцијата на железничката пруга, реновирање на болници и училишта. ЕДна од причините за растот на економијата, нагласи Ставрески се и странските инвестиции, благодарение на кои се вработија 13.000 граѓани, како и евтините кредити субвенционирани од буџетот на Р.М.

- И за 2014 година Европската банка во септември минатата година имаше пониска проекција за Македонија, кај нас проекцијата беше 3 % и за 2014 и за 2015 година, што значи сега ЕБРД ја ревидира нагоре и проекцијата за 2014 и за 2015 година. Ревидирањето нагоре на проекцијата на економскиот раст е направена само кај две земји меѓу кои е и Македонија, појасни Ставрески.

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 14:07
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега